Историјата на стадионот Сан Сиро
Стадионот Сан Сиро е најголемиот фудбалски стадион во Италија, а втор по големина во Европа после Камп Ноу на Барселона. Домаќини на него се два европски големи клубови и големи ривали - Милан и Интер.
_____________________________________________________________________
Подарок од Пирели
Сан Сиро е подарок од претседателот на Милан, Пиеро Пилери за неговиот Милан. Стадионот беше изграден за само 13 ипол месеци, благодарејќи на повеќе од 120 работници. Вкупната изградба вредела три ипол милиони евра.Стадионот бил конструиран од познатиот италијански архитект Улисе Стачини и инжињерот Алберто Цугини. Сан Сиро бил изграден според Англискиот модел на стадиони, и имал капацитет од 35.000 гледачи. Бил отворен на 19 септември 1926 година, со натпреварот Милан - Интер кој завршил со резултат 6 - 3. Првиот лигашки меч бил изигран на 19 септември 1926 година кога Милан загубил со резултат 2 - 1 од Сампиердарензе додека првата национална утакмица била изиграна на 20 февруари 1927 година кога Италија изиграла реми со репрезентацијата на Чехо-словачка.
Првото проширување
Милан го продаде стадионот на градската општина во 1935 и три години подоцна била донесена одлуката за проширувањето на стадионот. Архитектот Рока и инжињерот Колцари ја конструирале реконструкцијата на стадионот. Во 1952 било испратено прашање за дозвола дали може капацитето да изнесува 150.000 седишта, но општината го одбила тоа прашање.

Втората реконструкција
Второто проширување започнало во 1954 а 12 месеци подоцна завршило и стадионот повторно се отворил овојпат со капацитет од 85.000 седишта. Првата електронска табла била ставена во 1967. Подоцна во 1979 таа била заменета за нова.
Светски натпреварувања
Сан Сиро два пати бил домаќин на натпреварувањто Светско Првенство во фудбал. Првото била во 1934 година. На овој стадион се одиграло финалето на ова натпреварување. Сан Сиро исто така бил домаќин и на Светското Првенство во фудбал во 1990 година но тогаш финалето се одиграло во главниот град на Италија, Рим. Стадионот исто така има дозвола од УЕФА да се игра финале на некое натпреварување од УЕФА. Во 2000/01 Сан Сиро беше домаќин на финалето во Лигата на Шампионите кога Баерн Минхен стана шампион на Европа победувајќи ја Валенсија со 5 - 4 на пенали.
Изградба
Комплетната конструкција содржи 10.000 кг цемент, 3.500 кубни метри песок, и 1.500 кг железо кое што е потребно. Теренот е долг 105х68 м. Сан Сиро се наоѓа на 6 км од градот Милано.
Не само фудбал
Сан Сиро е симбол на Милан, и тој не е познат само по фудбал туку и по разни други настапи. Во 1960 година бил одржан бокс меч помеѓу Дуилио Лои и Карлос Ортис. На тој меч присуствувале 58.000 гледачи. На 27 јануари 1980 година бил одржан и концерт на Боб Марли. На него присуствувале 90.000 гледачи. Под северната трибина се наоѓа музејот на Милан. Исто така има и отворено диско на горниот дел од северната трибина. Стадионот секојдневно го посетуваат 50.000 луѓе кога нема натпревари.