Wednesday, February 2, 2011

Милан го договори трансферот на Гансо за 25 милиони евра

Бразилските медиуми денес соопштија дека Милан го договорил трансферот на најголемата бразилска ѕвезда Паоло Енрике – Гансо, а цената на трансферот изнесува 25 милиони евра, со што Гансо ќе стане најскапо платениот играч кој е купен од некој бразилски клуб. 

И Милан и Интер од поодамна јавно го соопштија интересот за младата бразилска ѕвезда, но раководството на Сантос соопшти дека ’росонерите’ се многу блиску до потписот на играчот.

Неговата сопственост е малку комплицирана и таа е поделена на три дела. Компанијата DIS, поседува 45% од неговите права, исто толку и неговиот матичен клуб, а 10 % се во посед на неговиот менаџер.

Директорот на Сантос и агентот на Гансо уште пред неколку дена соопштија дека Милан ги задовилил финансиски сите страни и дека најверојатно играчот ќе потпише договор со тој клуб.

Денес медиумите во Бразил и Италија потврдија дека трансферот е договорен и дека ќе изнесува 25 милиони евра, а играчот ќе стави потпис на договорот во следните неколку дена, а ќе игра како позајмен играч во Сантос до почетокот на јуни.

Со тоа Гансо ќе стане најскапиот трансфер направен од некој бразилски клуб. Претходниот рекорд го држеше Алесандре Пато кој за 22 милиони евра премина од Интернационал во Милан.

No comments:

Post a Comment