Monday, February 7, 2011

Алегри: Нема притисок во Милан


Алегри: Нема притисок во Милан

Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри не покажа големо незадоволство по нерешениот исход на неговите момци во дуелот против Џенова на натпреварот кој заврши 1-1.После овој натпревар, предноста на росоњерите на врвот во Серија А е стопена на само три поени, но тренерот изјави дека не чувствува никаков притисок од тимовите кои се трудат да го соборат од лидерската позиција.
„Знаеме дека има уште многу натпревари до крајот а сеуште водиме со 3 поени. Мислам дека игравме доста добро во текот на првото полувреме и не толку добро во текот на второто. Сега очекувам некои играчи да се вратат после повредите и тоа ќе ни даде повеќе опции за следните натпревари“.
„Касано не е во форма и затоа не го започна натпреварот, но ние играме секои три дена и тој ќе има шанса да ги покаже своите можности. Не мислам дека има притисок од страна на тимовите што не следат“.
„На почетокот од сезоната Наполи беше сметан за изненадување, но сега со сигурност е претендент за титулата. За нив сепак не е задолжително да стигнат до Скудетото па поради тоа играат послободно“,
 смета Алегри.

No comments:

Post a Comment