
| Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ вели дека се чувствува уморно по серијата натпревари кои ги одигра за Росоњерите. | |
| Ибра вели дека се чувствува уморено и поради тоа не можел да го даде максимумот на последните два натпревари. "Се чувствувам многу уморен и тоа можеше да се види на последните два лига натпревари" - изјави Златан Ибрахимовиќ. "Во последните два натпревари не бев 100% подготвен и се случуваат такви периоди". "Но мислам дека тоа е нормално. Јас практично играв на секој натпревар со исклучок кога имав мали проблеми". Ибра вели дека тој го советувал Галијани да го ангажира Марк ван Бомел од Баерн Минхен. "Галијани ме праша за Ван Бомел, му кажав дека тој е класичен фудбалер кој секој клуб повеќе би сакал да го има во своите редови отколку да игра против него". "Тој е тежок играч кој дава се од себе. Тип на фудбалер како што му треба на Милан". | |
No comments:
Post a Comment