Wednesday, February 23, 2011

Гансо им нагласи на Росоњерите: "Останувам во Сантос"

Пауло Енрике Гансо откри дека има намера да поптише нов договор со Сантос.Гансо беше изјавил дека следната сезона сака да игра во Италија, но денеска за радио "Globo" изјави дека планира да остане во Бразил."Никогаш не бев незадоволен, сакам да го продолжам мојот договор и да напредувам" - изјави тој. "Сантос засекогаш ќе биде во моето срце и јас останувам овде уште минимум две години."Овој 21 годишен играч се смета за еден од најголемите таленти на светот. Гансо се опоравува од озбилната повреда на коленото и тој ќе се врати на терените во текот на наредниот месец."Логично е дека посакувам да играм за некој голем клуб во Европа, но за сега нема да инсистирам на тоа. Сакам работите да одат сами по себе."

No comments:

Post a Comment