
Милан е појачан откако по повредата се врати Замброта. Џанлука Замброта закрепна од повредата на коленото, и се очекува да настапи во понеделник вечер, против Наполи. Сепак, Замброта денеска се појави на тренингот во Миланело каде што тренираше заедно со другите фудбалери на Милан. Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри смета дека Замброта е способен да се врати во стартните 11. Исто така Кевин Боатенг-Пренс, се очекува да го замени Метју Фламини во средниот ред заедно со Џенаро Гатузо и Марко Ван Бомел. Робињо и Златан Ибрахимович ќе почнат однапред или со Александре Пато или Антонио Касано. Росоњерите имаат 3 бода предност пред второпласираниот Наполи.
No comments:
Post a Comment