Friday, February 11, 2011

Герет Бејл под знак прашалник за дуелот со Милан





Ѕвездата на Тотенхем, Герет Бејл е под знак прашалник за првиот натпревар со Милан во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, соопштува Гардиан.
Велшанецот заработи нови проблеми, кои се појавија за време на неговото опоравување од повредата на крстот.

Лондончани сакаат да го оспособат Бејл за што е можно побрзо време, со цел да биде спремен за дуелот против Милан. Сепак сега може да се кажи дека од штабот на спарси притиснале премногу.

Ова е голем удар за Хари Реднап, кој сеуште не е сигурен дали ќе може да смета и на Лука Модриќ, како и на повредените Питер Крауч и Рафаел Ван дер Варт.

No comments:

Post a Comment