Искусниот играч од средниот ред на италијанскиот фудбалски гигант Милан Андреа Пирло би можел да се врати на терените за дуелот со Тотенхем во Лигата на Шампионите кој ќе се одигра на Џузепе Меаца идната недела.Во последно време светскиот шампион со репрезентацијата на Италија од 2006-та година се опоравува од повредата, а последните прегледи велат дека состојбата е се подобра и подобра.Се очекува менаџерот на „росонерите“ Масимилиано Алегри да го остави Пирло да одмори за саботниот натпревар против Парма, се со цел италијанскиот репрезентативец да биде подготвен за мечот со „Спарсите“.Пирло веќе целосно ги реализира тренинзите со останатиот дел од екипата, откако пред две недели доби непријатна повреда на натпреварот против Бари.

No comments:
Post a Comment