Sunday, March 13, 2011

Милан не успеа да го победи Бари на Сан Сиро

Милан не успеа да го победи Бари на Сан Сиро
Милан одигра само 1-1 на Сан Сиро против Бари, Росоњерите не успеаа да го искористат нерешениот резултат на Интер и да ја зголемат предноста.
Бари направи големо изненадување успевајќи да остане непоразен на гостувањето кај Милан на Сан Сиро.Росоњерите влегоа како огромен фаворит во овој натпревар со надеж дека ќе ја зголемат предноста на врвот откако Интер во петокот одигра нерешено на гостувањето кај Бреша.
Сепак тоа не се случи, киксна и Милан и одигра само 1-1 против Бари.
Милан беше апсолутно подобриот противник на овој натпревар, но реализацијата потфрли.
Бари поведе со голот на Рудолф во 39та минута од натпреварот и долго време успеваше да го одржи водството.
Во 73та минута Ибрахимовиќ заработи црвен картон, но нападите на Милан не престанаа.
На осум минути пред крајот по асистенција од Антонини, Касано го израмнува резултатот на 1-1.
До крајот на натпреварот Росоњерите имаа шанси и за комплетен пресврт, но не успеаа.

Превземено од "24fudbal.com.mk"

No comments:

Post a Comment