Wednesday, March 16, 2011

Светскиот фудбал со подршка до Абидал


Ерик Абидал
Дефанзивецот на Барселона, Ерик Абидал доби охрабрувачки пораки од претставници на целиот фудбалски свет, откако вчера стана јасно дека има тумор во црниот дроб и ќе биде опериран. Најголемите ѕвезди на фудбалот изразија сочувство кон францускиот репрезентативец објавени со афирмативни текстови во социјалната мрежа „Твитер“.

„Ова е многу тажно. Сите ние го поддржуваме и се надеваме дека Бог ќе му помогне.“ - напиша бразилскиот плејмејкер на вечниот непријател на Барса, Реал Мадрид - Кака.

„Се надевам дека се ќе заврши добро за него и тој повторно ќе може да игра.“ - изјави друга ѕвезда на „Лос Меренгес“, Кристијано Роналдо.

Сосема природно, сите соиграчи на Абидал од тимот на Барса се вклучија во поддршката на Французинот. „Аби, ние сме со тебе. Биди силен и ќе ги поминиш проблемите.“ - напиша капитенот на Барселона, Карлос Пујол.

Капитенот на Арсенал, Франсеск Фабрегас, голманот на Севиља, Андрес Палоп, Луис Филипе и Давид де Геа од Атлетико (Мадрид), Џузепе Роси, Рајан Бабел, Глен Џонсон, Рио Фердинанд и многу други фудбалери, исто така, изразија сочувство кон трагедијата на Абидал.

Превземено од: "sportdenes.com"

No comments:

Post a Comment