Wednesday, March 2, 2011

Мексес по крајот на сезоната се сели во Милан?

Мексес по крајот на сезоната се сели во Милан?

Според медиумите од Италија, Филип Мексес по крајот на сезоната како слободен агент ќе се пресели во Милан
28 годишниот дефанзивец е под договор со Рома до 30 јуни 2011 и преговорите за продолжување на верноста од поодамна се на стенд-бај.

Утрово неколку весници од Италија, објавија дека Филип Мексес нема да го продолжи договорот со Римската Волчица и во јули ќе стане нов фудбалер на Милан.

Ваква информации на почетокот од месецот пренесе и францускиотL’Equipe.

Сега, La Gazzetta dello Sport и Corriere dello Sport објавија дека Милан стапил во контакт со Мексес уште во јануари, но било договорено дека најдобро решение за целата ситуација е да се почека до јуни.

Весниците пренесуваат дека Милан и Мексес начелно постигнале согласност за четиригодишен договор вреден околу 4 милиони евра по сезона споредGazzetta dello Sport односно 4,5 милиони евра според Corriere dello Sport.

Исто така се шпекулира дека Жозе Мурињо бил заинтересиран да го донесе Мексес во Реал Мадрид, но дефанзивецот изразил желба да остане во Серија А и затоа ја прифатил понудата на Милан.

Corriere dello Sport додава дека Рома веќе бара замена за Мексес а дел од желбите на Римската Волчица се Суботиќ, Астори, Бритос Луисао и Лугано.

Превземено од: www.24fudbal.com.mk

No comments:

Post a Comment