Раководството на италијанскиот фудбалски гигант Милан е подготвено на се за во своите редови да го ангажира „лошото момче“ на италијанскиот фудбал Марио Балотели.
Темномурестиот голгетер во моментов настапува за Манчестер Сити, но дури и кога играше за Интер, секогаш тврдеше дека е голем фан на „росонерите“.
Така, според информациите кои доаѓаат од Апенините, челниците на Милан се подготвени да издвојат голема сума за услугите на Балотели - 22.500.000 евра.
Инаку, во оваа понуда „миланезите“ не вклучуваат ниту еден свој играч бидејќи не сакаат да ги продаваат актуелните играчи како дел од некој договор.
Шефовите на Милан имаат зацртано цел да создадат убиствен напад, па затоа неодамна ги ангажираа Ибрахимовиќ, Робињо и Касано, кои ги додадоа до фантастичниот Пато.

"sportdenes.com"
No comments:
Post a Comment