Тимот на Милан е новиот шампион на Италија! Росоњерите завршија нерешено 0:0 на гостувањето кај Рома во рамките на 36. коло од Серија А и со вкупно 78 поени се недостижни на врвот во калчото.
На овој начин миланскиот гигант ја прекина хегемонијата на вечниот ривал Интер, кој славеше во Италија во последните пет години. Освен тоа, Милан се израмни по бројот на титули со гратскиот ривал и двата клуба имаат по 18 скудета, додека лидер е Јувентус со 27 шампионски титули.
Седумкратниот првак на Европа се враќа на тронот во Сериј А седум години подоцна од последното Скудето, кога росоњерите ја освоија титулата по играње на натпревар со Рома, на три кола пред крајот.
На 2. Мај 2004. година Милан го совлада својот конкурент со 1:0 пред 80 000 тифози на Сан Сиро со погодок на Андриј Шевченко во натпревар од 36. коло и стана недостижен за Франческо Тоти и компанија.
Денешната, 18. титула во Италија е вкупно 8 за росоњерите под раководство на Берлускони, кој го превзеде тимот од 1986. година, а Масимилиано Алегри е петтиот тренер во тој период кој ги носи на тронот. Ариго Саки има една титула, Капело 4, Закерони 1 и Анчелоти 1.
Во текот на целиот натпревар тимот на Милан беше подобриот противник на теренот, од друга страна Рома неколку пати преку Тоти се закани но сепак по 95 минути поминати на теренот натпреварот заврши нерешени 0:0 со кои Милан стана новиот италијански шампион.

No comments:
Post a Comment