Wednesday, May 11, 2011

Палермо ги совлада Милан во полу-финалето од купот

Палермо го совлада тимот на Милан со 2:1 во реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Италија и го лиши новиот шампион од можноста да ја освои двојната круна.
Росоњерите се надеваа дека ќе стигнат до финалето, за прв пат после 2003. година, кога беше единствениот триумф во ерата на Берлускони во последните 35 години.

Првиот натпревар, кој се одигра во Милано, заврши нерешено 2-2, при што миланскиот гигант имаше потреба од комплетен триумф или пак нерешен исход со три постигнати погодоци за да продолжи понатаму.

Милан излезе на РЕнцо Барбера без ѕвездата Ибрахимовиќ и Ѕамброта при што нападот на Масимилиано Алегри го предводеа Пато и Робињо.

Погодоците на натпреварот се постигнаа во вториот дел, најпрво Миљачо во 63. минута го најави успехот а потоа Бово, 10 минути подоцна од пенал зголеми на 2-0, а во последните минути од средбата Ибра ги постави конечните 2-1.

Во финалето, момците на Делио Роси ќе се сретнат со победникот од средбата помеѓу Интер и Рома.

No comments:

Post a Comment