
Актуелниот шампион на Италија е пред ангажирање на играчот на Џенова Стефан Ел Шарави.
Иднината на талентираниот младинец на Џенова Стефан Ел Шарави би можела да биде во тимот на Милан. Барем така тврдат италијанските медиуми, кои го поврзуваат играчот со премин меѓу “росонерите“.Ел Шарави претходно се поврзуваше со Интер, но по се’ изгледа Милан е тој кој сега е во предност за негов ангажман. Посебно со оглед на добрите односи помеѓу претседателот на Џенова Енрико Прециози со потпретседателот на Милан Адриано Галиани.
„Росонерите“ сакаат да додадат квалитетен креативец во средината на теренот и претходно ги поврзуваа со марек Хамшик од Наполи и Гансо од Сантос. Но, тоа се скапи инвестиции и затоа тие се свртеа кон поефтината алтернатива.
Ел Шарави, кој има 18 години, е под договор со Џенова, која за него бара 10 милиони евра. Тој ја мина изминатава сезона на позајмица во Падова, на која со своите одлични игри и помогна да стигнат до плеј-офот за влез во Серие А.
No comments:
Post a Comment