Рикардо Монтоливо во летниот преоден рок би можел да се пресели во Милан.
Италијанскиот репрезентативец признава дека Милан е една од опциите за неговата иднина, но додава дека во овој момент сака да се фокусира само на Фиорентина. Монтоливо има договор со „виолетовите“ до 30. јуни, и би можел да замине од „Артемио Франки“ како слободен агент. Веќе долго време се шпекулира дека Милан има постигнато договор со италијанскиот репрезентативец, но овие стории сеуште не се официјално потврдени. По пријателскиот натпревар помеѓу Италија и САД, фудбалерот призна дека Милан е една од опциите за него.
„Моето име се поврзува со многу големи клубови“ - рече Монтоливо. „Имам неколку опции а меѓу нив е и Милан. Но сеуште е рано да донесам одлука за мојата иднина“. Виолетовите во моментов се наоѓаат на 15. позиција, 4 бода над зоната на испаѓање.

No comments:
Post a Comment