Милан подготвува 15 милиони евра за француски репрезентативец
Како што информираат италијанските спортски медиуми, Милан може да се здобие со еден од најперспективните дефанзивни играчи за врска во Европа ако успешно ги заврши преговорите со Рен околлу Јан М'Вила.Најтиражниот спортски весник „Газета дело Спорт“ открива дека младиот французин, кој неодамна стана и репрезентативец на „триколорите“, го зазема врвот на листата потенцијални засилувања на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок.Спортскиот директор на миланскиот гигант Ариедо Браида веќе некое време ги следи во живо настапите на младиот М'Вила и е фасциниран од квалитетите на 20-годишниот талент.Според некои информации, интерес за играчот од средниот ред постои и од страна на англискиот премиерлигаш Ливерпул, а шефовите на Рен се подготвени да го пуштат својот играч за сума од 15 милиони евра.Сосема е возможно М'Вила во Милан да го замени неодамна ангажираниот Марк ван Бомел, кој најверојатно нема да остане во Милано по крајот на сезоната.
No comments:
Post a Comment