Friday, February 11, 2011

Абиати: Не грижете се, ќе ја сочуваме предноста





Кристијан Абиати, чуварот на мрежата на италијанскиот гигант Милан, е убеден дека неговиот тим до крајот на сезоната ќе успее да ја задржи лидерската позиција и да го освои „Скудетото“.

И покрај тоа што обично заслугите за добрите резултати им се препишуваат на дефанзивците, играчите за врска или напаѓачите, Абиати е сигурно една од главните причини зошто Милан е водечки тим во Италија. Искусниот голман досега примил само 19 гола.

Милан имаше одличен прв дел од сезоната, додека двете ремија (Лацио и Џенова) го приближија второпласираниот Наполи на само три бода. Доколку Интер победи во заостанатиот меч, истата разлика ќе изнесува два бода.

Сепак, Абиати верува дека Милан нема да попушти и ќе ја задржи првата позиција до самиот крај на тековната сезона а со тоа ќе го подигне и најпосакуваниот трофеј во Италија.

Дали можеме да му веруваме на овој Милан? - Па, секако. Моментално се наоѓаме на првата позиција на табелата и ќе настојуваме да ја задржиме до крајот на сезоната.“ - изјави голманот на „росонерите“.

Сите се среќни во клубот. Свесни сме за своите потенцијали и во потполност веруваме дека можеме да бележиме успеси во своите намери.“ - додаде Абиати.

No comments:

Post a Comment