Saturday, February 5, 2011

Каладзе: Тренерите немаат глас во Милан


Каха Каладзе
Поранешниот играч на италијанскиот фудбалски гигант Милан, Каха Каладзе проговори за ситуацијата во таборот на „росонерите“.Тој преку италијанските медиуми му се заблагодари на некогашниот клуб за сите убави моменти кои ги помина во Милано, но алудираше и на лошиот однос во неколкуте делови од екипата.Тоа според него биле лошите третмани, како од страна на лекарите, така и од тренерите. Беше на маргините на екипата, а замина неславно, иако многу даде за клубот.
Во Милан ми рекоа дека коленото ми е скршено, но тоа не беше вистина. По операцијата на коленото, ми требаше време, но во Милано не се грижеа за тоа.“


Овде во Џенова пронајдов вистински луѓе кои ми помогнаа да се вратам во форма. Не жалам што заминав. Тоа што имав да им го кажам на тренерите, им го кажав пред целиот тим. Секогаш ќе му бидам благодарен на Милан за се што ми пружи, но некои работи не беа во ред.“ - изјави Каха.

На Леонардо пред сите играчи јасно му реков дека тој нема никаков глас во тимот, дека е само фигура, исто како и сега Алегри.“ - додаде Каладзе, алудирајќи на тоа дека во составот на „миланезите“ сите одлуки доаѓаат од Берлускони или евентуално Галијани.

No comments:

Post a Comment