Saturday, February 5, 2011

Реднап жали што не се обидел да го ангажира Ван Бомел

Реднап жали што не се обидел да го ангажира Ван Бомел
Хери Реднап признава дека погрешил кога одлучил да не го ангажира Марк ван Бомел
За време на зимскиот трансфер период на Тотенхем му беше понуден интернационалецот од Холандија но Хери Реднап одлучи да не го ангажира искусниот играч од средниот ред.

Подоцна, 33 годишниот Ван Бомел постигна договор со Баерн Минхен за раскинување на договорот и се пресели во Милан.

Реднап сега жали што не го ангажира Ван Бомел и верува дека Холанѓанецот ќе бил корисно засилување за неговиот тим.

“Можев да го ангажирам Ван Бомел, веројатно тоа беше грешка – по се изгледа требаше да го ангажирам.” – рече Реднап.

“Се работеше за тешка одлука и јас долго време размислував. Но на крајот одлучивме да не го ангажираме.”

“Тој можеше да биде добро засилување за нас. Том (Хадлстоун) ја обнови повредата а Ван Бомел ќе дојдеше како слободен агент, тој потпиша договор со Милан само за да крајот на сезоната.”

“Ван Бомел ви носи искуство, тој играше во финале од Лигата на Шампионите, финале од Светското Првенство.”

“Би можле повторно да се обидеме да го ангажираме.”

Реднап исто така вели дека Тотенхем не доставил понуда за Емануел Адебајор зошто тие биле свесни дека Манчестер Сити нема да сака да го продаде фудбалерот на конкурент за топ четири пласман.

“Манчестер Сити немаше да ни продаде ниту еден фудбалер.”

“Не доставивме понуда за Адебајор зошто знаевме дека тоа ќе биде бадијла потрошено време.”
 

No comments:

Post a Comment