Sunday, February 13, 2011

Милан ја потопија Парма

Лидерот на Серија А, тимот на Милан оствари убедлива победа од 4:0 над тимот на Парма.
„Росонерите“ блеснаа на овој натпревар уште од самиот старт на натпреварот откако наметнаа иницијатива пред голот на гостите. Уште во првата минута Кларенс Сидорф можеше да го отвори резултатот, но неговиот обид беше неуспешен
Веќе во 8-та минута Холанѓанецот се запиша во листата на стрелците, откако Ибрахимовиќ го проигра а искусниот Сидорф ја смести топката во мрежата. Тука не сопре иницијативата на домаќините. Веќе во 17-тата минута Антонио Касано зголеми на 2:0 на асистнеција на Џенаро Гатузо.
Во продолжението од натпреварот следуваше мало намалување на темпото, но затоа во вториот дел продолжија домаќините да ја полнат мрежата на гостите.
Робињо имаше свое шоу во вториот дел. По само 5 минути откако влезе во игра Бразилецот го постигна својот прв гол за Милан на натпреварот, а трет за домаќините. За само 3 минути Робињо го постигна својот втор гол на мечот. Антонио Касано беше асистент на двата погодоци на Робињо.
До крајот на мечот домаќините се отпуштија, а гостите имаа неколки шанси за да го намалат резултатот, но не беа прецизни во своите намери. Така со оваа победа Милан продолжува да владее на лидерската позиција на Серија А пред Интер и Наполи.

No comments:

Post a Comment