Sunday, February 13, 2011

Герет Бејл го прескокнува дуелот со Милан, Модриќ и Ван Дер Варт спремни за игра


Една од големите ѕвезди на Тотенхем, Герет Бејл речиси сигурно го пропушта првиот осминафинален натпревар со Милан од Лигата на шампионите во вторник. Младиот велшки бек не учествуваше на последните четири средби на Тотенхем поради болки во грбот и менаџерот на лондончани Хари Реднап вели дека Бејл сеуште не е целосно заздравен. 

„Герет не е далеку од враќање во игра, неговата состојба не е толку лоша, но не мислам дека ќе биде подготвен за вторник.“ - изјави Реднап по победата со 2:1 против Сандерленд.

Герет Бејл беше во лидер во двата натпревари со Интер во групната фаза на Лигата на Шампионите и реализира хет-трик на „Џузепе Меаца“ - стадионот, на кој Тотенхем ќе излезе на 15. Февруари против другиот милански гигант.

Под прашалник за натпреварот со италијанскиот гигант е и хрватскиот офанзивен играч од средниот ред Лука Модриќ, кој неодамна беше опериран од апендисит, но се очекува тој да биде на теренот за овој меч. Добрата вест за Тотенхем е дека холандскиот плејмејкер Рафаел Ван Дер Варт најверојатно ќе биде подготвен за натпреварот со „росонерите“. Ван дер Варт се опоравува од повредата која ја здоби пред една недела и го пропушти мечот со Сандерленд вчера.

No comments:

Post a Comment