Saturday, February 19, 2011

Мексес од наредната сезона во дресот на Милан ?


Францускиот спортски весник „Л'Екип“ тврди дека италијанскиот прволигаш Милан е блиску до финализирање на трансферот на дефанзивецот на Рома, Филип Мексес.Мексес моментално со тимот од главниот град на Италија има договор до крајот на сезонава, а во моментов нема индикации дека соработката меѓу французинот и „волчицата“ ќе биде продолжена.Филип од своја страна има право да склучи преддговор со друг клуб, каде може да се пресели во текот на летниот трансфер период.Во тој случај, челниците на „Римската волчица“ нема да добијат ниту едно евро како отштета, па според тоа интересот на италијанскиот гигант од Милано за овој играч станува се поголем.

No comments:

Post a Comment