
Италијанскиот играч за врска Џенаро Гатузо најверојатно ќе биде казнет со само еден натпревар не играње од страна на Европската фудбалска федерација.По завршувањето на натпреварот на Милан против тотенхем во рамките на Лигата на Шампионите, поведението на капитенот на росоњерите беше определено како неспортско.Тој го удри асистент-менаџерот на Тотенхем, Џо Џордан. Казната на капитенот на Милан ќе биде објавена во понеделник, кога ќе заседава дисциплинската комисија на УЕФА.Според правилникот за неспортски поведениа санкционираниот фудбалер треба да пропуште еден натпревар, а напад над противник, она што беше побарано од Тотенхем, се казнува со најмалку три натпревари.
No comments:
Post a Comment