
Барбара Берлускони е ќерка на италијанскиот премиер од бракот со Вероника Ларио, и веќе долго време е негова десна рака. Таа е раководител на Фин Инвест групацијата на Силвио и ги раководи финансиите со сите негови бизниси, банки, медиуми, а од неодамна и во фудбалскиот клуб Милан, каде во иднина ја гледаат како претседателка на клубот.
Барбара има завршено филозовија но исто така е и магистер по економија и моментално ги раководи сите финансии на својот татко. Минатиот месец објави дека се разведува од сопругот, банкарот Џорџо Валагузе, а медиумите тврдат дека причина за разводот бил токму Алесандре Пато.
И самиот фудбалер се разведе од својата сопруга Стефани Бритo, и тоа само девет месеци од како стапија во брак, па по се изгледа двајцата нашле утеха еден во друг, но медиумите на Чизмата тврдат дека нивната врска бил причина за двата развода.
Барбара беше на трибините на стадионот во Киево, на прославата на 25 години откако Милан е во рацете на Берлускони, и посебно се радуваше кога Пато постигна погодок.
Медиумите пишуваат дека скоро сите во соблекувалната на Милан знаат дека младиот Бразилец е во врска со Барбара, и дека наскоро тие јавно ќе ја објават врската.
No comments:
Post a Comment