Sunday, February 20, 2011

Пато му донесе нова победа на Милан !


Тимот на Милан славеше во гостувањето против тимот на Киево со 2:1 и ја зголеми разликата над Интер на 5 поени и Наполи на 6 поени (вечерва игра против Катанија)
Милан во гостувањето против Киево влезе доста претпазливо, но во текот на целиот меч ја градеше својата игра и трпеливо играше на половината на „летачките магариња“. Сето тоа даде плод во 25-тата минута откако Робињо ја искористи асистенцијата и го отвори резултатот за гостите на 0:1. Тоа беше причина домаќините за кратко да се разбудат, но сепак до крајот на првиот дел не успеаа да створат практично ништо.

Сепак во вториот дел „летачките магариња“ влегоа малку поагресивно во натпреварот, а тоа им резултира со изедначувачки погодок во 61-та минута кој го постигна Џелсон Фернандес, на асистенција на Кевин Констант.

„Росонерите“ по тој погоодк мораа веднаш да влезат во малку поагресивно темпо и топката често се наоѓаше на половината на домаќините. Киево како да паркира автобус пред својот гол и успешно се бранеше се до 82-та минута кога топката на Гатузо ја проби одбраната и стигна до Пато кој го постигна победоносниот погодк на натпреварот. Така Милан со оваа победа ја врати разликата во однос на своите конкуренти.

No comments:

Post a Comment