Погодоците на црвено-црните беа проследени од 80.000 тифози на преполниот Џузепе Меаца а интересно е што сите три беа постигнати во текот на второто полувреме.
Најпрво Златан Ибрахимовиќ го отвори резултатот од пенал во 49. минута, а потоа и Кевин-Принс Боатенг во 77. минутаи Алесандре Пато во 79. минута го оформија конечниот резултат за значајната победа на миланеците.
На овој начин росоњерите останаа на врвот во Серија А со 58 освоени поени и се оддалечија на пет поени од шампионот Интер, додека небесно сините паднаа на третата позиција и веќе заостануваат шест поени од лидерот.Росоњерите беа далеку подобриот тим на теренот и можеа да победат со уште поубедлив резултат доколку напаѓачкото трио беше поконцентрирано пред голот на Морган Де Санктис, кој исто така имаше неколку одлични интервенции.На овој начин играчите на Масимилиано Алегри им одговорија на своите градски ривали, Интер, и не им дозволија на нероазурите да се залепат до нив во битката за титулата.Росоњерите вечерва демонстрираа дека се спремни на се’ за да го симнат тимот на Интер од тронот, кој пет години суверено го држи.

Превземено од "www.sportdenes.com"

No comments:
Post a Comment