Tuesday, March 1, 2011

Пато: Во овој момент мислиме само за Јуве

Напаѓачот на Милан, Алесандре Пато одигра фантастичен натпревар при успехот со 3-0 над Наполи. Тој му асистираше на Кевин-Принс Боатенг за вториот погодок а беше стрелец на третиот.
По завршувањето на натпреварот бразилецот изјави дека никој во тимот не мисли за титулата, туку дека сите се сконцентрирани на следниот натпревар со Јувентус.
„Никој во соблекувалната не зборува за титулата. Сите мислиме само на следниот натпревар со Јувентус. Ми се допаѓа да го носам дресот на Милан. Тука се собрани фантастични играчи“.
„Клубските колеги ми се како браќа. Сакам да бидам на теренот на секој натпревар, но тренерот го носи тоа решение, знам дека неговите решенија се секогаш точни. Знам дека имам уште да работам и продолжувам да се развивам“, изјави Пато. 


Превземено од "www.sportdenes.com"

No comments:

Post a Comment