Ансалди во моментов се наоѓа во одлична форма и истата ја одржува веќе две сезони со оглед на тоа дека фантастично си ја вршеше својата работа во дресот на својот клуб како во Лигата на Шампионите, така и во Лигата на Европа.
24-годишниот дефанзивец во Казан пристигна во 2008-та година од Њуелс Олд Бојс за 3,6 милиони евра, а поради настапите во Русија тој го доби и првиот повик за националниот тим на Аргентина.
„Росонерите“ пак, се сериозни во намерата да ја зајакнат дефанзивната линија за новата сезона, но ќе мора да одвојат солидна сума за услугите на аргентинецот, кој со Рубин има договор до 2013-та година.
Исто така, составот на Силвио Берлускони, е поврзан и со ангажман на Филип Мексес од Рома.
Превземено од: www.sportdenes.com
No comments:
Post a Comment