![]() | |
| Во интервју за La Gazzetta dello Sport, поранешниот напаѓач на Барселона, кој ќе наполни 30 години во октомври, признва дека Милан ќе биде клубот каде што планира да ја заврши кариерата. Ибра исто така вели дека е подобро да се променат неколку клубови отколку целата кариера да се помине во еден клуб. “Не сакам да бидам талисман.” – рече Ибра. “Подобро е да менуваш клубови отколку да останеше во еден тим премногу долго време.” “Со менувањето на клубови се учат нови работи и одличните фудбалери треба да бидат одлучувачки во неколку клубови.” “Потребна ви е мотивација за да го прикажувате најдоброто од вас.” “Во секој случај, Милан ќе биде мојот последен клуб. Верувам дека ќе престанам да играм по мојата 33та година.” “Не сакам да останам и да плукам крв до самиот крај.” Ибрахимович потоа додаде: “Сепак, сега сум бројот еден. Доколку мислите дека сте втор, вие сте завршени.“ “Доколку не сте ја освоиле Златната Топка или пак наградата на ФИФА за Најдобар Фудбалер во Годината, тоа не значи дека не можете да бидете број еден.” “Дури и Мурињо мисли така, секогаш сака да прифати нови предизвици и да победува. Секогаш да биде бројот еден.” Медиумите од Италија говореа дека Ибра се мачи со повреда на грбот и напаѓачот би можел да го пропушти гостувањето кај својот поранешен клуб Јувентус. “Се чувствувам добро и ќе настапам против Јувентус. Ние ќе играме за првото место додека пак тие сакаат да се доближат до водечките екипи.” “Јуве и Милан се одлични клубови со голема историја, овој натпревар значи повеќе од трите бода кои се на располагање.“ Ибра со Јуве во 2006 освои Скудето кое подоцна му беше доделено на Интер на зелена маса со Калчополи скандалот. “Јас никогаш не му го дадов тоа Скудетот на Интер, секогаш чувствував дека е мое.” “Се жртвував и работев напорно за тоа првенство и го освоив со труд, бидејќи бевме подобри и не само во Италија. ” | |
Превземено од: www.24fudbal.com.mk | |
Saturday, March 5, 2011
Ибрахимович: Јас сум најдобар; Милан ќе биде мојот последен клуб
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment