| Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри верува дека неговиот тим може да победи на Вајт Харт Лејн | |
| Росоњерите со негатива од 1-0 патуваат во Лондон но Алегри е убеден дека Милан има квалитет да го совлада Тотенхем и да се пласира во следната фаза од Лигата на Шампионите. “Можеме да се пласираме во следната фаза бидејќи ние сме силен тим, тим кој е физички и ментално подготвен, а додатно првиот натпревар беше малку чуден.” – рече Алегри на денешната прес-конференција. “Тотенхем е состав со 25 добри фудбалери и игра во добра форма во Премиер Лигата и во Лигата на Шампионите.” “Ќе биде потребно да бидеме смели и да играме со висок интензитет. Грешките треба да ги сведеме на минимум.” На средбата што пред три недели се одигра во Милано, Спарс беа без услугите на Герт Бејл, но интернационалецот од Велс би требало да настапи на утрешниот натпревар. “Знаеме дека Бејл е одличен фудбалер со извонредни физички и технички квалитети.” “Оваа година забележа голем напредок, но мислам дека Бејл не е единственото оружје на Тотенхем.” “Спарс имаат многу фудбалери кои се технички добро потковани, особено во средниот ред и нападот.” Алегри потоа додаде: “На првиот натпревар не направивме големи грешки, направивме само еден кикс, кога тие го постигнаа погодокот.” “Не смееме да им оставиме простор за игра, особено не во завршните десет минути.” “На утрешниот натпревар треба да покажеме прави тимски перформанси. Доколку не играме како тим, ќе биде тешко да победиме.” Превземено од: www.24fudbal.com.mk | |
Tuesday, March 8, 2011
Алегри: Милан може да се пласира во следната фаза од ЛШ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment