Tuesday, March 8, 2011

На Кака му е преку глава од Мурињо


На Кака му е преку глава од Мурињо

Денешните изданија на „Sport” и „El Pais” откриваат дека бразилската ѕвезда му се пожалил на претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез за одност кој го има Мурињо кон него, и според весниците тој веќе побарал летен трансфер од Сантиаго Бернабе.

Кака во последно време воопшто не игра и го нема ниту во стартниот состав ниту како резерва, а објаснувањето на Мурињо е дека не сака да го форсира Бразилецот бидејќи смета оти не е доволно спремен да се врати на теренот како физички така и психички после повредата.

Медимумите тврдат дека во последно време односот на Кака и Мурињо е значително влошен, и дека Бразилецот веќе е решен да го напушти клубоѕ во летниот трансфер период.

До Кака веќе пристигнале понуди од Челзи и Манчестер Сити, но сепак фаворит за неговиот потпис се смета неговиот поранешен клуб Милан.

Веќе неколку недели се шпекулира за неговиот сензационален кам-бек на Сан Сиро, а за тоа денес се огласи и првиот човек на ’росонерите’ Силвио Берлускони.

„Разбрав дека Кака сака да се врати во Милан, тоа би било одлично за сите нас. Вратата на овој клуб за него е секогаш отворена“, изјави Берлускони за италијанските медиуми.

Истите медиуми потврдуваат дека Кака веќе го известил раководството на росонерите за неговата желба и дека е спремен да прифати далеку помала плата само да го облече црвено-црниот дрес во кој се прослави.


Превземено од: www.sportski.com

No comments:

Post a Comment