Saturday, March 12, 2011

Пато и Нилмар во плановите на Барселона

Ѕвездата на Милан, Александре Пато, и напаѓачот на Виљареал, Нилмар, се наоѓаат во плановите на Барселона за новата сезона, соопштуваат локалните медиуми.
„Каталонците“ веќе работаат на листата за потенцијалните засилувања за наредната сезона, во кои Цеск Фабрегас останува приоритет, но се размислува и за други варијанти.
Постои реално можност шпанскиот фудбалски репрезентативец да остане во својот Арсенал, па клубот мора да има и други опции за засилување на тимот.
Спортскиот директор Андони Субисарета веќе им наредил на клупските скаути внимателно да ги следат настапите на Пато и Нилмар, особено на фудбалерот на Виљареал кој покажува значителен прогрес во неговата форма.
Од пред извесно време во Барселона внимателно се запиша што постигнуваат двајцата играчи, па до крајотн а сезоната најверојатно ќе биде донесена одлуката кој од нив ќе биде ангажиран на Камп Ноу.
Тренерот Хосеп Гвардиола сепак ќе го има последниот збор во однос на тоа прашање, а јасно е дека шпанецот сака напаѓач на десната страна во случај трансферот на Фабрегас да пропадне.

Превземно од: "www.sportdenes.com"

No comments:

Post a Comment