Италијанските медиуми тврдат дека Арјен Робен би сакал кариерата да ја продолжи во тимот на Милан.

Арјен Робен во летниот преоден рок би можел да го напушти Минхен и според Corriere dello Sport, тој би сакал својата кариера да ја продолжи во редовите на италијанскиот гигант Милан.
Холанѓанецот е подготвен да си замине од Баерн на лето доколку Баварците не успеат да се пласираат за Лигата на шампионите следната сезона. Тие во моментов се петти на табелата во Бундеслигата со минус од пет бодови во однос на третиот Хановер на девет кола до крајот.
Добриот пријател на Робен и сонародник Марк ван Бомел во зимскиот преоден рок премина од Баерн во Милан и Робен се надева дека токму тој ќе може да ги убеди челниците на “росонерите“ да упатат понуда за него во Минхен.

Превземено од: "kurir.com.mk"
No comments:
Post a Comment