Sunday, March 20, 2011

Милан потклекна пред Палермо

Тимот на Милан го дозволи четвртиот пораз од почетокот на сезоната во Серија А, на гостувањето кај Палермо од 30. коло. Росоњерите беа победени со 1-0 од својот противник.
Доколку Интер успее да слави на својот натпревар со Лече, можно е разликата помеѓу двата тима да се стопи на само два поени. Единсвениот погодок на натпреварот го постигна дефанзивецот Дорин Гојан уште во 10. минута.


Миланезите го одиграа овој натпревар без својот најдобар голгетер во текот на оваа сезона - Златан Ибрахимовиќ, швеѓанецот ќе ги пропушти и преостанатите два натпревари на својот тим.


Натпреварот беше многу динамичен а приликите за погодок се редеа пред двата гола. Во 10. минута првиот посериозен напад во натпреварот, играчите на Палермо ги донесе до предност и победа.


Топката беше центрирана во казнетиот простор, каде Џулио Миљачо ја симна со глава кон Дорин Гојан кој од непосредна близина со силен удар ја затресе противничката мрежа.


Постепено росоњерите ја превзедоа иницијативата во своите нозе, но одбраната на Палермо секогаш беше на место и одговараше на сите притисоци на лидерот.


Милан и во текот на второто полувреме ја имаше инициативата на теренот и постојано се наоѓаше пред голот на домаќините но сепак до крајот јаловата инициатива на росоњерите донесе само воздишки но не и радост.


Во крајна линија натпреварот заврши со минимален успех на домаќините и тие собраа 43 поени до сега и стигнаа до 7. позиција на табелата. Милан пак сеуште е прво пласиран, со 62 поени.

No comments:

Post a Comment