
Тренерот на италијанскиот фудбалски гигант Милан Масимилијано Алегри има нови грижи по синоќешниот пораз од Палермо со минимален резултат од 1:0.
Така, на листата повредени меѓу другите сега се најдоа и дефанзивецот Марек Јанкуловски и младиот бразилец Александре Пато.
Ситуацијата со чехот е доста сериозна бидејќи според прогнозите на италијанските весници сезоната за Јанкуловски е завршена.
Дефанзивецот на „росонерите“ заработил сериозна повреда на коленото и најверојатно ќе биде надвор од терентие за преостанатите натпревари во Лигата и во Купот на Италија.
Од друга страна, Пато, кој синоќа беше заменет во 64-та минута, исто така е повреден и може да го пропушти контролниот меч на Бразил со Шкотска во Лондон.
Превземено од "sportdenes.com"
No comments:
Post a Comment