Италијанскиот гигант Милан пројавува многу сериозен интерес за дефанзивецот на ПСЖ и националниот тим на Франција, Мамаду Сако, вели „Кориере дело Спорт“.
„Росонерите“ напорно бараат нов дефанзивец, кој ќе може да го замени ветеранот Алесандро Неста и истовремено да биде добра инвестиција за иднината.
Сако пак е една од опциите, а на тренерот на гигантот од Милано Масимилиано Алегре многу му се допаѓа како фудбалер.
21-годишниот фудбалер, кој веќе е репрезентативец на Франција, е еден од најперспективните млади играчи во Европа и интересот на Милан кон него воопшто не е случаен.
На „росонерите“ нема да им биде ни малку лесно да го доведат во своите редови, бидејќи екипите на Манчестер Сити, Тотенхем и Арсенал исто така, имаат сериозни апетити кон него. Договорот на Сако со ПСЖ истекува во летото 2012 година, а до денес нема никакви индикации дека двете страни ќе парафираат нов договор.
Инаку младиот дефанзивец е производ на академијата на парискиот гигант и од 2007 година досега има 85 натпревари и 4 гола за својот тим.
Превземено од "www.sportdenes.com"
No comments:
Post a Comment