Wednesday, March 2, 2011

Кака може да се врати во Милан?

http://www.kixandgigglz.com/wp-content/uploads/2011/01/ricardo-kaka.jpg 

Поранешниот плејмејкер на Милан, Рикардо Кака, може да се врати во тимот на росоњерите, соопштуваат медиумите во Италија.
Оваа шпекулација беше испровоцирана од присуството на таткото на бразилецот Бошко Лејте во ложата на Сан Сиро при успехот на росоњерите од 3-0 над Наполи.

Тренерот Масимилиано Алегри за време на пресконференцијата по натпреварот ниту ја потврди ваквата можност но ниту ја демантираше истата.

„Во овој момент трансфер пазарот е затворен и ние не мислиме за привлекување на нови играчи. Тимот ги спроведува своите цели, тие се шампионска титула во Италија и добро претставување во Лигата на Шампионите. Да почекаме до летото па ќе видиме што ќе се случи“,
изјави Алегри.

Превземено од "www.sportdenes.com"

No comments:

Post a Comment