Со овој резултат росоњерите не успеаа да ја анулираат предноста на момците на Хари Реднап од првиот натпревар одигран на Сан Сиро, пред три недели Крауч го постигна единствениот погодок на овој осминафинален двомеч.
Вечерва Масимилиано Алегри излезе со најсилниот можен состав со убиственото напаѓачко трио Ибра-Пато-Робињо но сепак не успеаа да ја затресат мрежата на Гомес.
Со ова традицијата продолжи, росоњерите веќе трет пат во низа се елиминирани од најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент од тим кој доаѓа од островото.
Тотенхем го започна натпреварот со две можности на Ван дер Варт, но Абиати беше поуспешен. Како изминуваше времето така играчите на Милан ја превземаа контролата во своите нозе и повеќе ја посакуваа победата. Ибрахимовиќ упати вистинска бомба во 15. минута но Гомес виртуозно одбрани.
Потоа, во 23. минута Робињо се обиде со удар од далечина но тој беше непрецизен за да по две минути и Пато си ја проба среќата, повторно неуспешно. Милан сепак не се откажа и продолжи со доминација и создавање прилики пред голот на Гомеш, но англискиот голман секогаш беше поуспешен од росоњерите кога нивните шутеви одеа во рамките на голот.
Тотенхем второто полувреме го започна доста поактивно и многу често се задржуваше во казнетиот простор на гостите. Крауч на самиот старт имаше одлична можност да стави точка, но неговиот удар од близина заврши крај голот.
Во средината на второто полувреме во игра се појави и Герет Бејл, со што играта на домаќините повторно се раздвижи. Но гостите беа тие на кои им вриеше под нозе и се обидуваа да ја прескокнат средината и веднаш да се најдат пред противничкиот гол.
Во последните минути најпрво Пато а потоа и Робињо имаа извонредни прилики да постигнат погодок а со тоа да го однесат натпреварот во продолженија, но мрежата на Тотенхем остана „сува“ а Реднам и компанија се пласираа во четвртфиналето на Лигата на Шампионите.

Превземено од "www.sportdenes.com"
No comments:
Post a Comment