Thursday, March 10, 2011

Ибра: Милан беше подобриот тим

Милан испадна од Лигата на шампионите откако на Вајт Харт Лејн росоњерите не успеаа да ја анулираат предноста на Тотенхем од првиот натпревар, кога Крауч ги донесе спарси до предност од 0:1.

„Ние игравме добро, но не постигнавме погодок, а тоа беше главната причина поради која игравме вечерва“, изјави Швеѓанецот по завршувањето на дуелот во Лондон.

„Во текот на двата натпревари тимот на Тотенхем имаше само еден шут кон нашиот гол, и постигнаа погодок. Подобриот тим не победува секогаш“, 
дополни тој.

„Јас сум задоволен од мојот настап, исто така и од настапот на целиот тим. Се обидов да постигнам погодок но топката едноставно не сакаше да ја помини гол линијата. Срамно е што испаднавме од Лигата на Шампионите, но сеуште се бориме за Скудетото и Купот на Италија“, заврши најдобриот стрелец на миланезите од почетокот на оваа сезона.

Превземено од "www.sportdenes.com"

No comments:

Post a Comment