Saturday, April 2, 2011

Пато го декласираше Интер и го вивна Милан кон титулата

http://www.corrieredellosport.it/images/60/C_3_Media_1154360_immagine_oleft.jpg 

Тимот на Милан направи голем чекор кон освојувањето на титулата во Серија А откако славеше со 3-0 во големото дерби на 31. коло против тимот на Интер.
Во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, во улогата на херој за росоњерите овој пат се најде Алесандре Пато, кој ги постигна првите два погодоци во 1. и во 61. минута од натпреварот.

Освен постигнатите погодоци, бразилецот имаше уште неколку одлични прилики на натпреварот а исто така тој беше причина гостите да го завршат натпреварот со играч помалку откако изнуди црвен картон од Кристијан Киву во 54. минута.

Последниот погодок на натпреварот за ставање точка на одличната игра и супериорната победа над Интер го постигна Антонио Касано на една минута пред крајот на регуларните 90 минути.

Со оваа победа росоњерите го забележаа 60. успех над вечниот градски ривал во првенството во 176. меѓусебен натпревар и веќе има 5 поени предност на врвот од табелата на само 7 кола пред крајот, со што се наоѓаат во пол позиција за освојување на титулата.

Успехот им донесе на Миланезите 65 поени, пет повеќе од Интер кој има 60 и се наоѓа на втората позиција на табелата.

Превземено од: "www.sportdenes.com"

No comments:

Post a Comment