Напаѓачот на Милан, Александре Пато беше херојот за својот тим при победата со 3:0 над Интер синоќа.
Тој ги нанижа првите два погодоци во средбата и изработи црвен картон на дефанзивецот Кристијан Киву. По натпреварот Бразилецот вели дека се радува дека со играта успеал да одлучи толку важен натпревар за својот тим и ја затворил устата на критичарите.
„Со играта одговорив на критичарите кои велат дека не можам да постигнувам погодоци во важни натпревари. Еве сега постигнав два важни гола, и го решив мечот.“
„Се обидувам да не свртувам многу внимание на критиките. Секогаш се обидувам да играм со желба и да се замислувам подобро од претходниот пат. Конечно успеав да решам голем натпревар и сум многу среќен.“ - изјави Пато.
Превземено од: "www.sportdenes.com"

No comments:
Post a Comment