Tuesday, April 5, 2011

Берлускони: Сонувам да го видам Кристијано Роналдо во Милан

Берлускони: Сонувам да го видам Кристијано Роналдо во Милан
Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони вели дека сака да ја види суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијално Роналдо на Сан Сиро
Контроверзниот Премиер на Италија и сопственик на Милан вели дека е подготвен да го одврзе кесето во обид да го ангажира Кристијано Роналдо.
Неколку медиуми од Италија го цитираат Силвио Берлускони како вели: “Го сакам Кристијано Роналдо. Сонувам да го имам во нашиот тим.”

“Бидејќи сум голем фан на Милан подготвен сум да инвестирам голема сума на пари доколку може да се купи голем фудбалер кој ќе може да направи разлика.”

“Голем шампион може да направи разлика, како Роналдо.”

Берлускони исто така открива дека му дал наредба на Адриано Галијани да стори се што е потребно за ангажман на Роналдо.

“Му дадов бланко чек на Галијани за да стапи во контакт со агентот на Роналдо.”
Португалецот наскоро би можел да пристигне во Милано но не за да игра фудбал.

CR7 е дел од 78те сведоци кои ги повика одбраната на Силвио Берлускони во судскиот процес кој се води против Премиерот на Италија за инволвираност со малолетната проститутка Руби.

Превземено од: "www.24fudbal.com.mk"
 

No comments:

Post a Comment