Monday, April 4, 2011

Сидорф подготвен да потпише нов договор со Милан

http://www.calciomercato.it/imagenes/original/NEWS_1293993024_seedorf_getty_2011.jpg

Ветеранот во екипата на „росонерите“, Кларенс Сидорф, сеуште не планира да се откаже од професионалното занимавање со фудбалот.

Така, 35-годишниот холандски интернационалец изјави дека очекува да добие понуда за нов договор од страна на раководството на Милан и е подготвен веднаш да го стави неговиот потпис на него.

Холанѓанецот покрај тоа, се надева дека челниците на „миланезите“ ќе покажат желба за негов дополнителен ангажман и тој смета дека истата ќе ја оправда.

Мислам дека во последниве девет години јас покажав колку му значам на Милан. Сакам да продолжам да играм тука, но само ако клубот покаже желба за тоа.“

Наскоро очекувам да добијам понуда за нов договор. Постои взаемно почитување меѓу мене и раководството, така што очекувам работите да се решат релативно лесно.“ - изјави Сидорф.

No comments:

Post a Comment