Wednesday, April 20, 2011

Кларенс Сидорф - странец со најмногу одиграни натпревари во Милан

http://sportdenes.com/media/k2/items/cache/aeab9f4afe0065cfabe5369ed910857f_L.jpg 

Имено, холандскиот фудбалски ветеран на мечот со Сампдорија го забележа својот 395-ти натпревар во дресот на миланскиот гигант, со што стана странецот со најмногу одиграни натпревари во историјата на клубот.


На овој начин, Сидорф ја претекна шведската фудбалска легенда од 50-тите Нилс Лидхолм, кој сега се наоѓа на втората позиција со 394 меча за Милан.

Трет на престижната листа е поранешниот германски фдубалер Карл-Хајнц Шнелингер, кој во дресот на црвено-црниот тим има одиграно 334 дуели во сите натпреварувања.

 

No comments:

Post a Comment