Дефанзивецот на актуелниот француски првак Олимпик Марсеј, Таје Таиво, се наоѓа блиску до реализација на трансферот во италијанскиот гигант Милан, пишува „Кориере дело Спорт“.
Договорот на нигерискиот репрезентативец со Марсеј истекува на крајот од сезоната и тој веќе јасно покажа дека не сака да го продолжи.
И покрај присуството на Дидак Вила и Урби Емануелсон во составот на Милан, „росонерите“ продолжуваат да бараат врвен дефанзивец па се упатија кон Таиво, кој има предност што поседува и европски пасош.
„Таиво за нас игра шест години и му доставивме одлични понуди за продолжување на договорот, но тој избра да игра во друг шампионат.“
„Поточно сакам да кажам дека тој води преговори со Милан. Не знам дали ќе потпише договор, но тоа е добра опција за него.“ - изјави спортскиот директор на Марсеј, Хосе Аниго.

No comments:
Post a Comment