![]() | |
| Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани потврди дека Кевин Принс Боатенг ќе потпише перманентен договор со клубот. | |
| Боатенг се покажа како одлично засилување за Росоњерите оваа сезона кои се пред освојување на Скудетото.Кевин Принс Боатенг најпрво дојде како позајмен фудбалер од Џенова, а подоцна двата клуба се договорија за ко-сопственост. Галијани вели дека е договорено и негово комплетно откупување, па тој ќе биде само фудбалер на Милан. "Тој е наш фудбалер. Договорот со Џенова е да платиме 6 милиони евра, кои би пораснале на 7 доколку Милан го освои Скудетото" - изјави Галијани. "Договорот веќе е дефиниран во ресторан во Рио де Жанеиро пред неколку месеци". | |
Saturday, April 30, 2011
Галијани: Боатенг е фудбалер на Милан
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment