Saturday, April 30, 2011

Крањчар: Би сакал да се преселам во Серија А

Крањчар: Би сакал да се преселам во Серија А
Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Нико Крањчар вели дека би сакал да се пресели во Серија А идната сезона.
26-годишниот хрватски фудбалер ретко добива шанса во првиот тим на Тотенхем оваа сезона, па Крањчар е подготвен да го напушти Вајт Харт Лејн.Во јануарскиот преоден рок клубот одби понуда од Вердер за услугите на Крањчар, но се верува дека летово тој сигурно ќе го напушти Тотенхем.
"Доколку и следната сезона бидам играч со мала минутажа на теренот, би сакал да си заминам" - вели Крањчар.
"Договоривме состанок со претседателот Даниел Леви и менаџерот Хари Реднап, тоа треба да се случи за една недела".
"По состанокот сакам сликата за мојот статус да биде појасна".
"Дефинитивно би бил заинтересиран за преселба во Италија. Мислам дека брзо би се адаптирал на италијанскиот фудбал".

No comments:

Post a Comment