
| Пипо Инзаги се надева дека наскоро ќе се врати на фудбалските терени и вели дека би сакал Балотели да го засили Милан. | |
| 37-годишниот напаѓач се опоравува од повредата на лигаментите на коленото и се надева дека до Велигден ќе се врати на теренот."Не си поставувам рокови, но се надевам дека за Велигден ќе се вратам" - изјави Инзаги за Sport Mediaset. "Морам да им се заблагодарам на фановите кои го оддржуваат мојот ентузијазам на високо ниво". "Уверен сум дека Милан ќе го освои Скудетото. Уште од првиот ден откако Масимилиано Алегри дојде, тој се обидува да разговара со фудбалерите да ги види нивните опции. Неговите методи ме потсетуваат на Карло Анчелоти". Инзаги вели дека посакува Марио Балотели да дојде на Сан Сиро. "Сакам Балотели да ни се придружи. Тој ќе најде многу позитивни примери во нашиот состав од кои може да учи. Исто така би сакал мојот пријател Кака да се врати". "Притисокот е голем врз Александре Пато. Јас на негови години сеуште играв во аматерските лиги, додека тој веќе четири години игра за Милан". | |
No comments:
Post a Comment