Saturday, April 9, 2011

Мексес: Заминувам од Рома; најверојатната дестинација е Милан

Мексес: Заминувам од Рома; најверојатната дестинација е Милан

Филип Мексес потврди дека летоска ќе замине од Рома и призна дека најверојатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на Милан
Францускиот интернационалец е под договор со Римската Волчица до 30ти јуни 2011 и подолго време се шпекулира дека има постигнато согласност со Милан за преселба на Сан Сиро.
Мексес, кој во моментов се соочува со пауза од четири месеци поради операцијата на лигаментите на коленото, денес потврди дека летоска ќе замине од Олимпико.

“Заминува од Рома по седум незаборавни години.” – рече Мексес. “Одлуката е донесена, правам животна одлука и ќе заминам по крајот на сезоната.”

“Имав свој живот во Рома, но исто така имам други персонални работи кои ме принудија да ја донесам оваа одлука. Иако сум многу приврзан кон клубот, потребно е да мислам и на други аспекти.”

“Промената на тренерот и сопственоста нема никаква врска со оваа одлука бидејќи се согласувам добро со Винченцо Монтела.”

За можноста да го облече дресот на Росоњерите, Мексес рече: “Милан? Не знам. Сеуште не сум одлучил.”

“Премногу се говори за тоа, па најверојатно ќе завршам таму. Не знам дали некогаш ќе најдам клуб како Рома.”

No comments:

Post a Comment